Утрински Весник
Македонија

Македонскиот дипломатски синдикат – Недозволиво е на грбот на една од најранливите категории да се спроведува штедење

На гладно и ладно не се учи- Студентите испратија порака до пратениците

Македонскиот дипломатски синдикат дава силна поддршка на студентите во борбата за зачувување на нивниот животнен стандард и достоинство. Недозволиво е на грбот на една од најранливите категории да се спроведува штедење на исхрана, греење и хигиена.

dobivaj vesti na viber

„Се работи за наши деца, наши синови и ќерки, но и наши идни колешки и колеги. Зарем треба да поминат низ пекол на сиромаштија и понижувања за да станат академски граѓани? Студентските денови треба да останат во нивната меморија како најубав период во животот, период на стекнување нови знаења, нови пријателства и подготовка за идниот професионален живот, а не како мрачен период на изгладнување, смрзнување и нечистотија“, велат од таму.

Жално е, како што додаваат, кога ќе се погледне какви се студентските домови низ регионот и низ Европа, кои најчесто се користат преку лето и како хотели, а какви се нашите.

МДС ги охрабрува студентите да продолжат со своите најлегитимни можни барања за хумани услови за живот и достоинство.

Можете да прочитате

Тошковски: Не може да се докаже организација за пожарите по тврдењата за хибриден напад

Меџити наредил итно затворање на нестандардната депонија за отпад во Никуштак

Три опожарени депонии за една недела, АНБ презема засилени безбедносни активности