Утрински Весник
Свет

Трамп не се појави да сведочи пред комисијата на Конгресот

Трамп не се појави да сведочи пред комисијата на Конгресот

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп не се појави на сведочењето пред конгресната комисија која го истражува нападот на неговите приврзаници на Капитол, што се случи на 6 јануари минатата година, соопшти денеска американскиот Конгрес.

dobivaj vesti na viber

Така, Трамп не одговори на поканата издадена од комисијата во октомври, објавија во заедничка изјава претседателот на комисијата Бени Томпсон, демократ и копретседателката Лиз Чејни, републиканец.

„ Точно е дека Доналд Трамп, како и неколку негови најблиски сојузници, се крие од истрагата на Избраниот комитет и одбива да го направи она што го направија повеќе од 1.000 други сведоци – објавија Томпсон и Чејни.

Комисијата не соопшти какви следни чекори би можела да преземе против Трамп. Томпсон во интервју за „Њујорк тајмс“ изјави дека не ја исклучува можноста да бара непочитување на тужбата на Конгресот против поранешниот претседател, наведува британската агенција.

Трамп во петокот ја тужеше комисијата на Претставничкиот дом што ги истражуваше смртоносните немири во Капитол на 6 јануари 2021 година, во обид да ја блокира поканата на комисијата со која се бара од него да сведочи.

Се очекува републиканците да ја распуштат комисијата доколку ја освојат контролата над Претставничкиот дом на САД на среднорочните избори.

Можете да прочитате

Инфлацијата во еврозоната се искачи на 2,3 отсто

Зеленски назначи нов командант на копнената војска

Најголемиот електричен авион ќе полета следната година