Даниел Крег се соочува со нова кавга со соседите поради плановите да ги исече дрвјата во градината на својата куќа во северен Лондон.
Британски таблоиди пишуваат дека ѕвездата на сагата „Џејмс Бонд“ и неговата сопруга Рејчел Вајс се соочуваат со нова битка поради плановите да ги исечат проблематичните стебла во куќата вредна 6 милиони фунти.
Пред пет години, парот ја доби битката да го задржи дрвото високо 20 метри во својата градина, откако локалното население се пожали дека неговите корени им предизвикува штета во нивните домови.
Сега, актерите, кои се венчаа во 2011 година, поднесоа барање до Советот за да спроведат понатамошни зафати врз дрвото, односно да го скратат четири метри.
Тие исто така сакаат да исечат уште едно дрво и круша покриена со бршлен.
Ним им е потребна согласност бидејќи дрвјата се заштитени со Налог за зачувување на дрвја во одредена заштитена област.