Утрински Весник
Економија

Трансформаторот за РЕК Битола тргна од фабриката во Турција

Трансформаторот за РЕК Битола тргна од фабриката во Турција

Новиот трансформатор за Блок 3 во РЕК Битола кој се изработуваше во фабрика во Турција, вчера изутрина тргна со специјален камионски транспорт кон Битола.

dobivaj vesti na viber

400-киловолтниот трансформатор со тежина од 240 тони се пренесува со специјална композиција преку патен транспорт низ Турција, бродски и патен транспорт низ Грција, и патен од преминот Меџитлија до РЕК Битола. Композицијата долга 60 метри побарува специјални услови за движење, зајакнување на патната инфраструктура на одредени делови на трасата, посебна сообраќајна регулација и управување со мала брзина.

Транспортот тргна со задоцнување од една седмица од предвидениот рок, поради

подолгото време кое беше потребно да се осигураат сите услови и соодветни дозволи за движење во Р.Грција, кои произлегуваат токму од специфичноста на овој транспорт.

Трансформаторот се очекува да пристигне во РЕК Битола на 22 ноември, по што ќе бидат потребни 10-тина дена за да се изврши монтажа на истиот.

Можете да прочитате

Николоски: Засилено работиме на завршување на автопатот Охрид – Кичево 

Премиерот Мицкоски со владина делегација во Давос, фокус на економскиот раст, енергетиката и стратешките инвестиции

Почнува Светскиот економски форум во Давос