Серијата „Круна“ повторно го оживува моментот кога кралот Чарлс Трети како млад танцува брејкденс со топлес жени во Бразил.
Во схит-серијата на „Нетфликс“, Доминик Вест го портретира британскиот крал, односно тогашниот принц Чарлс пред да стапи на тронот по смртта на кралицата Елизабета.
Во новата епизода, тој е прикажан како изведува уличени танц на добротворен настан, а консултантот на The Crown, Ендрју Мортон, тврди дека еднаш во минатото, сега веќе 74-годишниот монарх, својот талент го однел во странство.
„Ми беше фасцинантно. Ми поставија специфичните прашања – како на пример бојата на тапетот. Она што научив е дека си дозволуваат слобода, но многу вистина. Да, тој знае брејкденс! Во Бразил танцуваше со топлес дами!“, изјави Мортон за „Ентертејнмент тунајт“.
Во новата епизода од петтата сезона на „Круната“, принцот Чарлс танцува брејкденс на хип-хоп песната Don’t Sweat the Technique од 1992 година, но сцената всушност е заснована на вистински настан од март 1985 година, во кој сегашниот крал учествува во работилница за неговата добротворна организација Prince’s Trust во Западен Сасекс.
Во тоа време официјалниот извештај гласеше: „Отфрлајќи ја кралската декорација настрана, принцот Чарлс клекна на колена со група млади во текот на работилница за невработени и им се придружи во брејк-танцот“.