Утрински Весник
Свет

ОН донесе резолуција: Русија да ѝ плати воена отштета на Украина

ОН донесе резолуција: Русија да ѝ плати воена отштета на Украина

Генералното собрание на Обединетите нации денеска одобри резолуција во која се наведува дека Русија мора да ѝ плати на Украина воени репарации и дека Москва е одговорна за инвазијата на Украина.

dobivaj vesti na viber

Во резолуцијата, поддржана од 94 од 193 земји членки на Генералното собрание на ОН, се наведува дека Русија мора да одговара за кршење на меѓународното право во и против Украина.

Во резолуцијата, исто така, се наведува дека Русија „мора да сноси правни последици за сите нејзини меѓународни незаконски дејствија, вклучително и плаќање на компензација за повреди и каква било штета предизвикана од такви дејствија“, објави „Ројтерс“.

Резолуциите на Генералното собрание на ОН не се обврзувачки, но имаат политичка тежина.

Можете да прочитате

Орбан: Зеленски да обезбеди никој да не загине при присилна регрутација

Колумбиските власти уапсија еден од шефовите на италијанската мафија „Ндрангета“ во Латинска Америка

Исклучена струјата и водата во регионот Запорожје кој е окупиран од Русија