Утрински Весник
Свет

Сириските Курди негираат вмешаност во нападот во Истанбул

Оперирана е Србинката на која телефонот и експлодираше во рака во Истанбул

Командантот на Сириските демократски сили (СДФ) предводени од Курдите негираше вмешаност во експлозијата во Истанбул во која загинаа шест луѓе.

dobivaj vesti na viber

Командантот на СДФ, Мазлум Абди го објави тоа на Твитер, а засега ниту една група не ја презеде одговорноста за вчерашната експлозија во која беа ранети 81 човек.

Работничката партија на Курдистан (ПКК), исто така, претходно негираше вмешаност во бомбашкиот напад. Сириските демократски сили се мултиетничка воена алијанса со седиште во Рожава, самопрогласена територија во северна Сирија.

СДФ е формирана на 10 октомври 2015 година и собира паравоени милиции составени од различни етнички групи – Курди, Арапи, Асирци, Туркмени, Черкези, Чеченци, Ерменци…

Претходно денеска Турција објави дека ПКК и Единицата за заштита на народот (ИПГ), која е концентрирана во Сирија, се одговорни за експлозијата на авенијата Истиклал во Истанбул.

Можете да прочитате

Уште шест лица повредени во трката со бикови во Памплона

Киев: Соборени 40 од 60 дронови со кои Русија ја нападна Украина

Германската полиција заплени дрога со улична вредност од 20 милиони евра