Утрински Весник
Македонија

Град Скопје ќе издвои 15 милиони денари за најзагрозените граѓани

За првпат формирано Собрание на млади на град Скопје

Градот Скопје донесе одлука да им помогне на најранливите категории граѓани со средства во изност од 15 милиони денари.

dobivaj vesti na viber

„ Градот Скопје е град на солидарност, град кој по катастрофалниот земјотрес во 1963 бил разурнат и благодарение на солидарноста на пријателски држави и народи од целиот свет бил повторно изграден. Сега е време градот да покаже солидарност со оние граѓани на кои им е најпотребна помош. Време е да бидеме солидарни со ранливите категори граѓани и со овие средства да им помогнеме да ја пребродат зимата“, велат од Град Скопје.

Оттаму додаваат дека овие средства граѓаните за кои се наменети ќе можат да ги искористат за плаќање на своите сметки за електрична енергија кои од месец во месец вртоглаво растат.

Станува збор за еднократна парична помош за социјално загрозени семејства кои во овие тешки времиња се најпогодени од кризата. Помошта е наменета за самохрани родители, пензионери со ниски месечни примања, деца без родители, како и други ранливи категории граѓани.

„Да се биде хуман значи да се биде човек, идејата за модерно Скопје можеме да ја реализираме само ако сме сите заедно во овие тешки моменти за граѓаните на Скопје“, порачаа од градот.

Можете да прочитате

СДСМ бара оставка од Обвинителот Савевски по скандалот со телефонските нарачки од Мицкоски

Осомничениот од Старо Нагоричане прв сериски убиец на жени, обвинителството открива нови кривични дела

Алиу: Странската комисија утврди сомнителни наоди кај девет случаи на кардиохируршки интервенции