Утрински Весник
Македонија

Османи и Џачка со два меморандума за соработка

Османи и Џачка со два меморандума за соработка

Во рамките на втората заедничка седница на владите на Република Северна Македонија и Република Албанија, што се одржа во Скопје, министерот за надворешни работи на Република Северна Македонија, Бујар Османи, и министерката за Европа и надворешни работи на Република Албанија, Олта Џачка, потпишаа два меморандума за соработка меѓу двете институции.

dobivaj vesti na viber

Со меморандумот за соработка во областа на дипломатската едукација се отвораат можности за организација на обуки и предавања на релевантни говорници и дипломати од особена важност во контекст на почнатите преговори за членство на двете земји во Европската Унија.

Со вториот меморандум ќе се овозможи размена на искуства во областа на дигитализацијата на конзуларните услуги. Овој проект во Албанија функционира неколку години, а Министерството за надворешни работи на Северна Македонија е во финална фаза на негово ставање во функција, а со тоа и драстично ќе ги поедностави и скрати постапките за давање конзуларни услуги.

Меѓу другото, Османи и Џачка се осврнаа и на динамиката на билатералните односи, регионалната соработка и ЕУ перспективата на двете земји.

Можете да прочитате

Општините лани потрошиле рекордни 190 милиони евра на тендери

Во јуни најмногу странски туристи од Турција

„Јон Вардар против Галаксијата“ на Цветановски со азиска премиера во Манила