Утрински Весник
Спорт

Алонсо со нетрпение чека да го напушти Алпин

Алонсо со нетрпение чека да го напушти Алпин

Фернандо Алонсо со нетрпение чека да го напушти Алпин. Наредната недела тој ќе ја вози последната трка за овој тим, од наредната сезона ќе вози во Астон Мартин.

dobivaj vesti na viber

Алонсо вчера блескаше на трката за Големата награда на Бразил. Стартуваше од 18. место, на крајот беше петти. Може да жали за инцидентот во спринт-трката во кој беше инволвиран неговиот тимски колега Естебан Окон. Поради тоа, трката за Големата награда на Бразил, Алонсо ја почна од 18., а Окон од 15. место.

Овие двајца имаа неколку светли моменти како тимски колеги. Минатата сезона Окон славеше на трката за ГН на Унгарија со голема помош од Фернандо Алонсо, кој успеа зад себе долго време да го задржи Луис Хамилтон и со тоа му овозможи на колегата да ја забележи првата победа во кариерата.

„Не треба ништо да коментирам. Уште една трка и тогаш е готово. Конечно“, кусо изјави Алонсо.

Пјер Гасли наредната сезона ќе седи во болидот на Алпин на местото на Алонсо.

Можете да прочитате

Мареј: Побегнав од моите деца, а во Новак добив едно големо дете

Ла Лига ја одби жалбата за суспензијата на Винисиус

Гвардиола по 30 години се раздели со сопругата Кристина