Деветгодишно девојче и татко му се меѓу шестемина убиени во нападот во неделата во Истанбул.
Меѓу загинатите се и Јусуф Мејдан и ќерка му Екрин.
Веста за нивната смрт ја потврди министерката за семејства и социјални услуги, Дерја Јаник.
„Го проколнувам овој предавнички напад, во кој загинаа татко и ќерка му. Како земја ние стоиме со сите средства со семејствата на нашите браќа и сестри што загинаа и со нашите ранети луѓе. Ништо злобно нема да може да го наруши нашето единство и солидарноста“, рече таа.
Мејдан, кој работел во Министерството за семејства, со семејството дошол во Истанбул на свршувачка на роднина. Во неделата се движеле по улицата на која се случи нападот.
Јусуф и ќерка му загинаа, а сопругата беше тешко повредена во експлозијата.
Во неделата попладне силна експлозија одекна на шеталиште во центарот на Истанбул, што турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган го нарече бомбашки напад.
Најмалку 81 лице се повредени, а турската полиција уапсила жена, која ја признала поврзаноста со терористичка организација.