Утрински Весник
Свет

Оперирана е Србинката на која телефонот и експлодираше во рака во Истанбул

Оперирана е Србинката на која телефонот и експлодираше во рака во Истанбул

Србинката која беше ранета во експлозијата во Истанбул, е подложена на хируршка интервенција во болница и е во стабилна состојба, изјави српскиот конзул во Истанбул, Ивана Пејовиќ, пренесува ТВ Прва.

dobivaj vesti na viber

Пејовиќ објасни дека повредената српска државјанка од Ниш имала туѓо тело во рамото, дека интервенцијата била успешна, но дека таа ќе остане во болница. Колку среќа имала повредената доволно говори фактот што мобилниот телефон и експлодирал во рака.

Таа додаде дека ќе оди во болницата за да се увери дека повредената Драгана Ристиќ од Ниш е добро и да види што уште може да направи конзулатот.

Министерството за надворешни работи на Србија во неделата вечерта соопшти дека во експлозија во Истанбул е повредена српска туристка.

Најмалку шест лица загинаа, а 81 се повредени во експлозија во центарот на Истанбул.

Експлозијата се случи во неделата во 16:20 часот по локално време на улицата „Истиклал“, која е пешачка зона со многу ресторани, кафулиња, продавници, хотели и неколку музеи и е многу популарна и кај локалното население и кај туристите.

Можете да прочитате

Трамп најавува „некаков вид дивиденда“ за Американците од новите царини

Голем корупциски скандал во Украина – краделе од тендерите за набавка на дронови

Над 10.000 хотели од ЕУ поднесоа тужба против Booking