Утрински Весник
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Семејството на Богоев купило имот со маркица за хотел на 4 спрата на Беровско езеро по цена од 400 денари за м2

ВМРО-ДПМНЕ: Семејството на Богоев купило имот со маркица за хотел на 4 спрата на Беровско езеро по цена од 400 денари за м2

Семејството на Стефан Богоев купило имот со маркица за хотел на 4 спрата на самиот брег на Беровско езеро по цена од 400 денари за м2, соопштија од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

dobivaj vesti na viber

„Имотот на Богоев се простира на над 7 илјади метри квадратни на самиот брег на езерото, и на истиот има маркица, а градба на хотел. Со хотел на таа површина Богоев буквално ќе го монополизира езерото. Сето ова се случува на неколку дена пред локалните избори минатата година кога од страна на членови на семејството Богоев е купено земјиштето, а веќе е регистрирана и фирма“, е наведено во соопштението од оваа партија.

Институциите, велат од ВМРО-ДПМНЕ, да истражат како Богоев од градоначалник на Карпош станува потенцијален инвеститор во хотел преку неговото семејство.

Имотот кој го купува Богоев , како што посочуваат од оваа партија, се наоѓа во општина каде локална власт е СДС, каде што самиот Богоев е потпретседател.

„Ја повикуваме ДКСК и ЈО да отворат случај, и да не го амнестираат Богоев по примерот на дезертерот Ковачевски“, се потенцира во соопштението од страна на ВМРО-ДПМНЕ.

Можете да прочитате

Сообраќаец кривично ќе одговара, наместо казна пуштил со опомена возач кој возел над 50 км/ч над дозволената брзина

Царинска управа: Мобилен царински тим спречи обид за криумчарење лекови за малигни заболувања, штетни по здравјето на граѓаните

Клековски: Се вакцинирав против сезонски грип – вакцинацијата е најдобра мерка за превенција на ова заболување