Утрински Весник
Свет
300x250 opst2

(Видео) Албанците протестираа во Велика Бриранија, споменикот на Черчил покриен со албанското знаме

(Видео) Албанците протестираа во Велика Бриранија, споменикот на Черчил покриен со албанското знаме
Img 7972

Албанските демонстранти ја покрија статуата на Винстон Черчил со албанско знаме пред зградата на британскиот парламент во Лондон, протестирајќи против изјавата на министерката за внатрешни работи Суела Браверман дека „Албанците ја напаѓаат Британија“.

dobivaj vesti na viber

Лидерот на десницата Најџел Фараж го осуди однесувањето, велејќи дека „тие луѓе не се грижат за Британија или за жртвите од минатото“.

„Ова што денес се случува во Лондон е срамно“, рекол Фараж, пишува „Дејли мејл“.

Британските министри велат дека Албанците стојат зад бранот мигранти кои го минуваат Ла Манш и дека некои од нив се вмешани во организиран криминал.

Албанските демонстранти побараа од британската влада да ги почитува како луѓе и да ги штити нивните човекови права, нагласувајќи дека не сите Албанци се криминалци.

Тие носеа транспаренти на кои пишуваше „Моите родители не се криминалци“, „Риши Сунак да ја исфрли Суела“, „Суела шири лаги како Круела“, „Горд што сум Албанец“ и слично.

Британската министерка за внатрешни работи се најде на удар на острата реторика во парламентот во врска со миграцијата.

Таа, меѓу другото, рече дека Албанците ја „напаѓаат“ Британија.

Од почетокот на годинава во Британија дошле 40.000 мигранти, од кои 12.000 се Албанци.

Велика Британија минатиот месец депортирала 350 лица, од кои над 100 биле Албанци.

Можете да прочитате

Орбан: Унгарија не треба да го воведе еврото, бидејќи ЕУ се распаѓа

Цената на златото достигна нов рекорд поради страв од американската „блокада“ на администрацијата и очекувањата за намалување на каматите

Нобелова награда за медицина за тројца научници кои ја открија одбраната на телото од сопствена агресија