Утрински Весник
Македонија

СДСМ: Мицкоски потврди, ВМРО-ДПМНЕ е континуитет на Ванчо Михајлов

(Видео) Мицкоски: Предлагаме сет на 5 мерки за помош на стопанството

Ванчо Михајлов е дел од континуитетот на ВМРО-ДПМНЕ и тоа треба да се почитува, рече Христијан Мицкоски, на што СДСМ коментира дека претседателот на ВМРО-ДПМНЕ се потврдил како докажан лицемер.

dobivaj vesti na viber

„Додека јавно го осудуваше отворањето клубови со имиња на контрозверзни историски личности, тој јавно на национална телевизија кажа дека требало да се почитува тоа што Ванчо Михајлов е дел од континуитетот на ВМРО-ДПМНЕ. Со тоа Мицкоски го потврди она што одамна се знаеше, дека ВМРО-ДПМНЕ денеска е партија којашто е иделошки поклоник на луѓето кои што биле извршители на Третиот Рајх.

Токму ВМРО-ДПМНЕ во чест на Ванчо Михајлов изгради спомен куќа во Штип и постави восочна фигура во природна големина во музејот во Скопје. Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ немаат никакво право да зборуваат за патриотизам и национални интереси, тие се заглавени во минатото и освен штета на националните интереси, освен поделби меѓу граѓаните ниту можат ниту сакаат нешто друго да понудат“, се наведува во реакцијата на СДСМ.

Можете да прочитате

УЈП: Затворени четири субјекти, 30 отсто од контролираните се со неправилности за фискализација

Министерство за финансии како штаб на ВМРО-ДПМНЕ, Димитриеска-Кочоска прими и промовира кандидат за градоначалник во кабинетот

Свадба во струмичкиот затвор (ФОТО)