Утрински Весник
Свет

Рама: Западен Балкан обединет и дистанциран од војните

Рама: Западен Балкан обединет и дистанциран од војните

Албанскиот премиер Еди Рама, денеска, на мировниот форум во Париз, изјави дека Западен Балкан е обединет во многу тешки времиња и е оддалечен од војните.

dobivaj vesti na viber

Домаќин на форумот беше францускиот претседател Емануел Макрон, а на форумот присуствуваше и српскиот претседател Александар Вучиќ.

Објаснувајќи зошто Западен Балкан е обединет, Рама рече дека балканските држави исто гласале во Обединетите нации кога станува збор за осуда на рускиот напад врз Украина и заштита на нејзиниот територијален интегритет.

Рама се осврна и на однесувањето на Европската Унија за време на пандемијата на Ковид-19.

„Тие се однесуваа како федерација на богати егоисти бидејќи не ги споделуваа вакцините со другите на кои им беа потребни. Без Кина, Турција и Русија, немаше да ја преживееме пандемијата“, рече Рама.

Тој додаде дека ЕУ е загрижена за кинеското, руското и за турското влијание на Балканот, но и дека овие три земји се единствените што му пристапиле на регионот со вакцини, пренесува „Танјуг“.

Можете да прочитате

Трамп соопшти дека Кина ќе купи 200 авиони „Боинг“, а нарачката би можела да достигне и до 750

И Уганда прогласи жариште на ебола

ФБИ нуди 200.000 долари награда за поранешна американска разузнавачка која пребегна во Иран