Утрински Весник
Спорт
300x250 opst2

Магнусен на сензационална пол-позиција во дождливиот Бразил

Магнусен на сензационална пол-позиција во дождливиот Бразил
300x250 opst2

Возачот на Хас, Кевин Магнусен, стигна до сензационална пол-позиција на бразилското ГП на патеката Интерлагос покрај Сао Пауло откако излетувањето на Џорџ Расел во Мерцедес во третата квалификациска сесија, како и дождот кој потоа падна на патеката, дозволи Данецот утре да стартува како прв на спринт-трката.

dobivaj vesti na viber

Покрај него, на второто место ќе стартува светскиот шампион Макс Ферстапен, а во вториот ред ќе бидат Расел и неговиот британски сонародник Лендо Норис во Мекларен (и покрај труењето со храна). Во топ-10 следуваат Карлос Саинс (Ферари), Есетбан Окон (Алпин), Фернандо Алонсо (Алпин), Луис Хамилтон (Мерцедес), Серхио Перез (Ред бул) и Шарл Леклер (Ферари).

Бидејќи утре на програмата е спринт-трката, денеска на Интерлагос се возеа квалификациите, а на неделната главна трка ќе се вози во распоред во кој ќе биде завршена утрешната трка.

Можете да прочитате

ПМФЛ: Прв бод за Шкупи во новата сезона, нерешено и во Струмица

Без влезници во продажба за натпреварот Србија – Албанија во Лесковац

Шеста светска клупска титула за ракометарите на Барселона