Утрински Весник
Свет

„Вагнер“ почна да тренира цивили: „Ако сакате мир, подгответе се за војна“

„Вагнер“ почна да тренира цивили: „Ако сакате мир, подгответе се за војна“

Лидерот на руската платеничка група Вагнер, Евгениј Пригожин, рече дека неговата организација почнала да тренира цивили во руските региони кои граничат со Украина за да може да формира полициски сили и да ја обезбеди областа.

dobivaj vesti na viber

„Вагнер помага и ќе продолжи да му помага на населението во пограничните области да научи да ги гради потребните структури и да ја обучува и организира полицијата“, рече Пригожин и додаде дека „голем број луѓе веќе се подготвени да ја бранат својата земја“.

Пригожин рече дека главна цел на Вагнер е изградба на објекти и школи за обука во регионите на Белгород и Курск, кои се под редовен напад на украинските сили во последните месеци, пишува АФП.

„Ако сакате мир, подгответе се за војна“, рече тој, инсистирајќи на тоа дека секој Русин има право да ја брани својата татковина како што му одговара.

Пригожин за првпат овој септември призна дека ја основал групата Вагнер во Украина во 2014 година и дека нејзините платеници биле во Африка, Блискиот Исток и Латинска Америка. Пред тоа, тој негираше дека стои зад таа група. Руските закони забрануваат основање приватни воени компании.

Можете да прочитате

Виткоф и Кушнер пристигнаа во Москва

Бројот на издадени рецепти во САД за слабеење за деца зголемен за 300 пати во споредба со 2019 година

Бесент ги идентификуваше украинските напади врз Русија како една од причините за глобалните енергетски шокови