Утрински Весник
Спорт

Мбапе ја отвори душата: Сакав да се откажам од Франција затоа што ме нарекуваа „мајмун’“

Мбапе ја отвори душата: Сакав да се откажам од Франција затоа што ме нарекуваа „мајмун’“

Напаѓачот на Пари Сен Жермен, Килијан Мбапе, откри дека малку недостигало да ја заврши својата репрезентативна кариера минатото лето по елиминацијата на Франција во осминафиналето на Европското првенство.

dobivaj vesti na viber

Тогаш напаѓачот на ПСЖ беше навредуван од фановите и критикуван од француската јавност. Поради грозните навреди сакаше да ја заврши кариерата во репрезентацијата и никогаш повеќе да не го облече дресот на Франција.

„Размислував за тоа најсериозно. Не сакав да играм за луѓе кои ме нарекуваат ‘мајмун’. Бев решен да не играм, но луѓето околу мене ме убедија да не го правам тоа. Мене ми беше најтешко затоа што утнав пенал против Швајцарија, но не заслужив некој така да ме навредува на расна основа. Тој бран на омраза во тоа време беше неверојатен, преполн со расизам“, вели Мбапе.

Тој смета дека Франција има шанса да ја одбрани титулата светски првак.

„Ова е новата Франција и затоа не се откажав од оваа репрезентација. Ние одиме во Катар да се обидеме да ја одбраниме титулата, имаме одличен тим и ќе сториме сè за да го освоиме трофејот“, истакна Мбапе.

Можете да прочитате

Мареј: Побегнав од моите деца, а во Новак добив едно големо дете

Ла Лига ја одби жалбата за суспензијата на Винисиус

Гвардиола по 30 години се раздели со сопругата Кристина