Утрински Весник
Свет

Бајден и Џинпинг ќе се сретна на самитот

Бајден и Џинпинг ќе се сретна на самитот

Кинескиот претседател Шји Џинпинг ќе се сретне со американскиот колега Џо Бајден на самитот на Г-20 во Индонезија и на самитот на АПЕК во Тајланд следната недела, соопшти денеска кинеското Министерство за надворешни работи.

dobivaj vesti na viber

Белата куќа вчера потврди дека двајцата лидери ќе се сретнат на самитот на Г20. Како што е наведено, Бајден и Шји ќе се сретнат на 14 ноември. Тоа ќе биде нивна прва средба лице в лице откако Бајден стана претседател.

Двајцата лидери ќе разговараат за напорите за одржување и продлабочување на линиите на комуникација меѓу САД и Кина, одговорното управување со конкуренцијата и заедничката работа на полињата каде што има усогласени интереси, се вели во соопштението.

Тие особено ќе разговараат за работата на транснационалните предизвици кои ја засегаат меѓународната заедница, соопшти Белата куќа.

„ За време на самитот, Шји Џинпинг ќе оствари билатерални средби со францускиот претседател Макрон, американскиот претседател Бајден, сенегалскиот претседател Меки Сал и аргентинскиот претседател Алберто Фернандез, изјави за новинарите во Пекинг портпаролката на кинеското Министерство за надворешни работи, Хуа Чунјинг.

Индонезија ќе претседава со овогодинешниот самит на Г-20, но подготовките за самитот на островот Бали од 15 до 16 ноември се во сенка на војната во Украина, глобалната криза со храна и енергија како резултат на тој конфликт и тешките меѓународни санкции наметнати на Москва.

Можете да прочитате

Во Грузија уапсени над 100 демонстранти

Бунтовниците контролираат половина од градот Алепо

Десничарските популисти стануваат „нова нормалност“ во европската политика