„Манифест“ и официјално стана најпопуларната серија на „Нетфликс“ во моментов, според статистиката објавена од стриминг-платформата.
Научно-фантастичната драма го дебитираше првиот дел од четвртата и последна сезона минатиот петок, а во текот на викендот собра неверојатни 57 милиони прегледи и се искачи на првото место на овонеделната топ-10 листа.
Стримерот соопшти дека четвртата сезона успеа да го заземе местото број 1 со прегледани 57,1 милиони прегледани часа.
Таблоидите потсетуваат дека „Ен-би-си“ ја откажа серијата по третата сезона, и, по првичниот неуспех, прерасна во моментално најгледана серија на „Нетфликс“ во светот.
„Манифест“ првпат се емитуваше во 2018 година на „Ен-би-си“, а приказната започнува со група странци кои завршуваат на истиот лет од Јамајка до Њујорк.
Авионот мистериозно слетува пет години по полетувањето, а за патниците се претпоставувало дека се мртви. Додека се обидуваат да се реинтегрираат во општеството, патниците доживуваат чудни феномени, како што се визии за иднината и други бизарни работи.
Третата сезона заврши со голем пресврт, но неколку дена подоцна, на големо разочарување на фановите, Ен-би-си ја откажа серијата.
„Нетфликс“ ја презеде серијата, емитувајќи ги сите претходни сезони, а пред неколку дена го објави првиот дел од четвртата сезона.
Оваа недела, официјалниот Твитер профил на серијата потврди дека го достигнала првото место на глобално ниво на Нетфликсовата листа: „Официјално е: Manifest е број еден серијал на Нетфликс во светски рамки со преку 57 милиони часови стриминг“.