Утрински Весник
Спорт

Гвардиол и со скршен нос ќе игра на СП

Гвардиол и со скршен нос ќе игра на СП

Дефанзивецот на РБ Лајпциг и на хрватската репрезентација, Јошко Гвардиол, ќе игра на Светското првенство во Катар и покрај тоа што доби скршен нос и повреда на окото на вчерашниот меч со Фрајбург кога се судри со сопствен соиграч.

dobivaj vesti na viber

„Јошко Гвардиол има скршеница на носот. Меѓутоа, операцијата не е потребна и неговиот настап на СП не е загрозен“, објавија од бундеслигашот на социјалните мрежи.

Самиот Гвардиол, чија цена порасна последните сезони по фантастичните игри за Лајпциг, објави фотографија на социјалните мрежи со порака: „Треба да видите како изгледа другиот“.

Хрватска го отвора мундијалот на 23 ноември против Мароко, а во групата Ф се и Канада и Белгија.

Можете да прочитате

Норис: Можам да добијам што сакам од Мекларен, но немам намера да го злоупотребувам моето влијание

Меси стави крај на репрезентативната кариера

Ѓоковиќ елиминиран во првото коло на Отвореното првенство на САД