Утрински Весник
Свет

Првите луѓе на ЕУ не разговараат еден со друг, соработката помеѓу институциите на најниско ниво, пишува „Политико“

Првите луѓе на ЕУ не разговараат еден со друг, соработката помеѓу институциите на најниско ниво, пишува „Политико“

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, и претседателот на Европскиот совет , Шарл Мишел, не се во добри односи.

dobivaj vesti na viber

Комуникација меѓу нив речиси и да не постои, тврди влијателниот европски портал „Политико“.

Двајцата врвни функционери на ЕУ не патуваат заедно дури и кога се поканети на ист настан, тие се избегнуваат еден со друг, а нивните соработници вклучени во организирањето на патувањето работат под строги упатства за да избегнат какво било преклопување во времето на патување.

Несогласувањата се толку силни што двајцата функционери ги блокираат меѓусебните средби со странски претставници, а нивните соработници комуницираат со другата страна само кога е потребно.

„Еден од клучните состаноци на Г-20 на Бали ќе биде средбата меѓу Мишел и кинескиот лидер Си Џинпинг, која треба да се одржи на маргините на самитот. Со оглед на поделбите во ЕУ за тоа како да се соработува со Пекинг, ќе биде исклучително важна средба. Но Фон дер Лајен не беше поканета. Причината? Нејзиното одбивање да му дозволи на Мишел да присуствува на состанокот со индискиот премиер Нарендра Моди на Г7 во Германија во јуни“, пишува „Политико“.

Европската комисија е извршно тело на Унијата и таа предлага закони. Претседателката Фон дер Лајен на оваа функција дојде од германската влада, каде беше министерка за одбрана. Нејзиниот татко бил висок функционер на Европската комисија, а Урсула е родена во Брисел.

Лидерите на земјите-членки се среќаваат во Советот на ЕУ, а нивната мисија е да ги трансформираат предлозите на Комисијата во закони кои потоа треба да бидат прифатени од членките и имплементирани дома.

Претседателот на Советот, Мишел, е поранешниот белгиски премиер и син на поранешниот министер за надворешни работи на Белгија, Луис Мишел.

Овие две функции се преклопуваат во повеќе области, но денес речиси и да нема координативни состаноци меѓу Фон дер Лајен и Мишел, што ја отежнува работата на двете институции.

Според официјални лица, пренесува Политико, врската започнала мирно.

„Имаше мали турбуленции, но ништо неочекувано“, рече претставник на ЕУ. Во првите месеци, секретаријатот на Советот закажа неделен попладневен состанок меѓу Мишел и фон дер Лајен секој понеделник.

Дека нивниот личен однос не е добар и не е толку страшно, но кога ќе почне да се пренесува на нивната работа, тогаш тоа е друга приказна. Дијалог за политички прашања меѓу лидерите и нивните блиски кадри речиси и да не постои, според Политико.

„Тоа е постојана борба да се натераат двете страни да споделуваат информации“, рече еден функционер на Советот, кој додава дека вработените во Советот се принудени „да бркаат информации како новинари“.

Конфликтот стана јавен за време на посетата на фон дер Лајен и Мишел на Турција во април 2021 година, настан кој стана познат како „Софагејт“.

Сите телевизиски станици ја пренесоа шокираната реакција на фон дер Лајен кога сфати дека на официјалната средба со Ердоган нема столче резервирано за неа.

Мишел без двоумење и без да и’ понуди на фон дер Лајен место до Ердоган, седна на фотелјата додека таа седеше на каучот спроти турскиот министер за надворешни работи.

Сцената ја шокираше европската јавност.

Неколку дена подоцна, во Европскиот парламент, фон дер Лајен ја искористи приликата да каже што мисли за овој инцидент. Таа рече дека е „повредена“ од инцидентот, кој е одраз на сексизмот. Таа не го спомена Мишел.

Речиси една година подоцна, повторно се случи сличен инцидент.

Во февруари 2022 година, европски видео сервис го емитуваше влезот на африканските лидери на самитот во Брисел.

Додека се ракуваше со африканските официјални лица, министерот за надворешни работи на Уганда помина покрај Фон дер Лајен и се поздрави со Мишел, а потоа и со Емануел Макрон. Францускиот претседател дискретно му сугерираше на африканскиот политичар дека би било добро да разговара со претседателката на Комисијата, а Мишел остана без посебна реакција.

Оние кои не се запознаени со нетрпеливоста меѓу овие двајца високи функционери беа изненадени од остриот тон на Мишел кога тој неодамна јавно, преку медиумите, ја обвини Комисијата дека не предлага ограничување на цената на природниот гас, откако националните лидери го побараа тоа на нивниот самит во октомври.

Во Брисел по ходниците се водат приватни дискусии за тоа кој е повеќе виновен за ваквата состојба.

Според „Политико“, администрацијата на Бајден има блиски односи со тимот на Фон дер Лајен, особено во однос на санкциите против Русија, додека Мишел „се бори да се пробие“.

Официјалните лица генерално се согласуваат дека и двајцата лидери се виновни. Мишел за неговото лошо справување со инциденти како „Софагејт“ и фон дер Лајен за нејзината тенденција да одржува контрола на сметка на соработката.

Меѓуинституционалниот однос никогаш не бил на толку ниско ниво. Некои функционери на Унијата дури изјавија дека итно е потребно „возрасно лице“ во институциите.

Можете да прочитате

Трамп: „Нема договор, но сме блиску“ – Путин: „Ова е почетна точка“

Путин и Трамп со заедничка прес-конференција во живо

Трамп и Путин слетаа во Алјаска