Утрински Весник
Свет
300x250 opst2

Глоба од 3.200 евра за Германец што оштетил споменик на холокаустот

Глоба од 3.200 евра за Германец што оштетил споменик на холокаустот
300x250 opst2

Судот во Берлин осуди 62-годишен маж од Бранденбург со глоба од 3.200 евра за оштетување на споменикот на холокаустот во Берлин.

dobivaj vesti na viber

„Осуденото лице се смета за виновно за предизвикување материјална штета и за непочитување и вознемирување на починатите“, објаснуваат од судот.

Осудениот, кој не се појави пред судот и поради тоа беше распишана потерница, во април 2020 година со чекан оштетил бетонски блок, кој е дел од Споменикот на загинатите европски Евреи за време на фашизмот.

Меморијалот на холокаустот, кој беше откриен во 2005 година во знак на сеќавање на шест милиони Евреи убиени од нацистите, се состои од речиси 2.700 помали или поголеми темносиви бетонски блокови.

Покрај оваа глоба, 62-годишникот е казнет со 2.400 евра поради учество во нелегални трки и одземена му е возачката дозвола.

Адвокатот на осудениот рече дека неговиот клиент не го оштетил споменикот од идеолошки причини. Во текот на судењето во неколку наврати се споменуваше и можноста за психичка болест кај 62-годишникот.

Можете да прочитате

Земјотрес со јачина од 5.0 степени ја погоди западна Турција, почуствуван и во Истанбул

Колумбија протера израелски дипломати поради запирањето на флотилата за помош за Газа

Макрон: Ја потценивме Русија – 24info.mk