Утрински Весник
Македонија

Кривична пријава за тројца вработени во ЈСП, украле околу половина милион евра

Автобус на ЈСП нагло закочил и удрил во рампа, повредени најмалку две лица

Управата за финансиска полиција поднела кривична пријава против тројца вработени во Јавното сообраќајно претпријатие Скопје (ЈСП) кои дневниот промет кој им бил доверен не го заведувале соодветно во сметководствената евиденција и го оштетиле претпријатието за близу половина милион евра. Се товарат за кривично дело злоупотреба на службена положба и овластување.

dobivaj vesti na viber

„Во период од 2017 година до 2021 година, спротивно на Меѓународните сметководствени стандарди број 7 и број 8, направиле повеќе книжења во сметководствената евиденција без поткрепа на сметководствени документи, неправилно внеле почетни состојби во сметководствената евиденција и не извршиле усогласување на аналитичката со синтетичката евиденција на приходите и расходите согласно утврден контен план, а паричните средства кои им биле доверени од остварениот дневен промет, ги предале во помал износ во правниот субјект со цел истите да ги присвојат за себе, на начин што го оштетиле буџетот на ЈСП Скопје за вкупен износ од 28,065.476,00 денари“, соопшти Управата.

Кривичната пријава е поднесена до Основното јавно обвинителство Скопје.

Можете да прочитате

ЗНМ и СЕММ: Новинарите имаат одговорност да известуваат професионално и етички во сензитивни ситуации

Јанев: Полицијата е партнер на граѓаните, обврска и задача е да им служи а не да владее

ВМРО-ДПМНЕ: Разбирлива е реакцијата на ДУИ за интерпелација на Тошковски, бидејќи сценарието за насилство и меѓуетнички тензии им е откриено