Утрински Весник
Економија

Андонов: Фирмите кои со манипулации влегле на регулираниот пазар ќе бидат вратени на слободниот

Андонов: Фирмите кои со манипулации влегле на регулираниот пазар ќе бидат вратени на слободниот

Фирмите кои со манипулации влегле на регулираниот пазар од јануари автоматски ќе бидат вратени на слободниот пазар, изјави соработникот за енергетика во Владата, Виктор Андонов

dobivaj vesti na viber

На медиумскиот интерес за тоа како ќе се постапи со манипулациите на 12.000 фирми во земјава што се вратиле сами на регулираниот пазар, Андонов, истакна дека заради спречување на злоупотребите од страна на некои правни лица, Владата донесе одлука за регулирање на овој проблем.

„Со таа одлука точно е наведено дека доколку наведените правни лица до крајот на годината не се вратат самите на слободниот пазар, операторот на дистрибутивниот систем, како носител на лиценца која функционира врз основа на Законот за енергетика, ќе има обврска автоматски од први јануари 2023 година истите да ги врати на слободниот пазар“, информираше Андонов.

Можете да прочитате

„Мој ДДВ“ скап за буџетот, без ефект врз сивата економија – предупредува директорката на УЈП

Успешно реализирана аукцијата за издавање на 10-тата Еврообврзница

За 10,3 проценти зголемен бројот на странски туристи во периодот јануари – ноември 2025 година