Утрински Весник
Магазин

(Видео) Ралф Фајнс подготвува кулинарски рај и пекол во „Мени“

(Видео) Ралф Фајнс подготвува кулинарски рај и пекол во „Мени“

Ања Тејлор Џој и Николас Холт добиваат оброк за кој се умира во новиот филм The Menu („Мени“), сатиричен трилер сместен во светот на фини, отмени кујни.

dobivaj vesti na viber

Ова е филмско задоволство кое ќе ве натера да посакате да се вклучите во кулинарската игра на шефот на кујната на егзотичен ресторан, коментираат медиумите, еден ден по премиерата во Лондон.

Ѕвездите на „Кралски гамбит“ и „Иксмен“ ги портретираат Марго и Тајлер, млад пар кој оди на патување до далечен приватен остров на кој се наоѓа ексклузивен гастрономски објект Хоторн. Островот изобилува со зеленчукови градини, домашни животни, кошници со пчели… а има и спални соби за персоналот.

Двајцата се дел од избрана група од 12 кои платиле мало богатство за да вечераат во ресторанот што го води прославениот американски готвач Џулијан Словик (Ралф Фајнс).
Не знаејќи за богатите гости, Словик и неговиот тим професионалци, слични на роботи, планираат еднократно мени со некои неочекувани состојки специјално за нив. Но, се чини дека доаѓањето на Марго го нарушува планот на Словик.

Оваа хорор комедија се потсмева на своите богати гости, на нивното наметливо однесување кога седат покрај фини трпези, и на феноменот славни готвачи, а сето тоа го доведува Словик до очај и разочарување.

„Оваа приказна, според мене, говори за привилегии заради привилегии или претенциозност заради претенциозност“, изјави Тејлор Џој за „Ројтерс“ на премиерата на филмот во Лондон во средата.

„Ако не уживате во животот, тогаш што всушност правите? Мислам дека многу од овие ликови се ненаситни и овој филм дефинитивно е мрачна сатира на таа тема“, додаде таа.

Режисерот на филмот, Марк Мајлод, познат по сериите Succession („Наследство“) и Game of Thrones („Игра на тронови“), донесе врвни готвачи за да се обезбеди автентичност.

Работевме со Доминик Крен, таа има три Мишелин-ѕвездички и е буквално готвач од светска класа… работевме со Дејвид Гелп, кој дојде да направи одлични снимки со храна за нас“, изјави режисерот.

Покрај тоа, Крен и Гелп инспирираа некои од актерите да почнат да готват.

Можете да прочитате

Еве зошто одењето е поздраво од трчањето

Ангелските души се раѓаат во овие три знаци! На нивната добрина и нема крај

Печурките имаат магично својство! Ја подобруваат меморијата и ја намалуваат анксиозноста