Мајката на Крис Еванс мисли дека конечно е време нејзиниот син да биде прогласен за најсекси маж на светот.
41-годишниот актер претходно оваа недела го доби годишното признание на списанието „Пипл“ и неговата мајка Лиза откри дека ќе им каже на сите за неговата победа.
Коментирајќи ја веста на бостонскиот канал WHDH TV 7News, таа рече: „Мојата реакција беше ‘Да, крајно време беше!Се фалев кога го научија да седи на нокшир, се фалев кога почна да оди…кога ги направи првите чекори, но ова е нешто за што сите ќе знаат. Јас сум прилично среќна поради ова.“
Лиза откри дека не била изненадена од победата на својот син, за разлика од него.
Ѕвездата на Avengers: Endgame бил вчудовиден кога ја слушнал веста.
„Тој секогаш е изненаден од сопствениот успех, тој е изненаден од тоа што мислат луѓето за него“, рече Лиза.
И иако е горда на новата титула на Крис, таа мисли дека неговите пријатели ќе го гледаат тоа како причина да прават шеги на негова сметка.