Момче (9 годишно) од Северна Каролина е пронајдено заклучено во куќа за кучиња, поради што полицијата го уапси неговото семејство.
Надлежните го најде момчето босо, на 19 октомври, а тоа им рече дека од април живее во куќата за кучиња бидејќи нема место за него во куќата.
Полицијата ги приведе неговата маќеа Сара Стар, таткото Џонатан Стар и тетката Сара Стар, како и сопственичката на куќата Шели Барнс. Сите се обвинети за злоупотреба на малолетно дете.
На 10 октомври полицаец добил анонимна дојава дека дете е затворено во куќа за кучиња во Лексингтон. Кога полицајците од округот пристигнале во домот, откриле нешто страшно – замрзнато момче во куќа за кучиња облечено само во маица и фармерки. Надвор тоа утро беше -2 степени Целзиусови.
Во домот за кучиња имало две ќебиња, палто, горен дел со качулка, пар детски чевли, две кошули со кратки ракави и еден пар панталони, а сè било влажно, пишува „Дејли мејл“.
Детето е однесено во детската болница „Бренер“ во Винстон-Салем.