Севилја под новиот тренер Хорхе Сампаоли продолжува со катастрофалните резултати во Ла Лига откако дома на „Рамон Санчез Писхуан“ загуби со 1:2 од Реал Сосиедад во меч во кој доби два црвени картона и дозволи гостите да забележат победа со која се искачија на третото место на табелата.
Норвежанецот Александер Сорлот им донесе водство на гостите во 20. минута по што следуваше вистинска катастрофа за домаќините – Иван Ракитиќ доби црвен картон во 28. минута, а во 34. минута и на Танги Нианзу му беше покажан патот кон соблекувалната.
Теренската предност Сосиедад ја искористи преку Браис Мендез во 36. минута, но Севилја најави неверојатен камбек преку Рафа Мир во 40. минута. И покрај борбеноста на домашниот тим, на крајот тие го забележаа седмиот пораз оваа сезона и остануваат на 17. место со само 11 освоени поени.
(function (el) {
window.addEventListener(“message”, (event) => {
if (event.origin.startsWith(“https://www.sofascore”)) {
if (el.id === event.data.id) {
el.style.height = event.data.height + “px”;
}
}
});
})(document.getElementById(“sofa-standings-embed-36-42409”));