Утрински Весник
Економија

Францускиот козметички гигант се враќа во Русија

Еквадор пред исфрлање од Мундијалот, доказите за „фалсификувањето“ на Кастилјо се огромни!
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Француската козметичка компанија „Лореал“ (L’Oréal) е подготвена да продолжи да продава некои од своите најпопуларни брендови, соопшти Министерството за трговија на Русија, пренесува Раша тудеј.

dobivaj vesti na viber

Козметичките и парфемските брендови Ланком, Редкен, Ив Сен Лоран, Џорџо Армани и Керастасе ќе се вратат на рускиот пазар и затоа ќе бидат исклучени од листата на таканаречениот паралелен увоз, објави во понеделник руското Министерство за трговија.

„ Ова стана возможно поради подготвеноста на овие компании да продолжат со испораките на нивните производи во Русија“, рече портпаролот на министерството.

Голем број меѓународни козметички брендови, вклучително и гиганти како што се Лореал и Унилевер, ги прекинаа своите активности во Русија по почетокот на конфликтот со Украина.

Во март, Москва го легализираше таканаречениот паралелен увоз, кој овозможува испорака на производи без дозвола на сопствениците на трговски марки, за да се задоволи побарувачката за странска стока на рускиот пазар.

Француската козметичка компанија сè уште нема коментар.

Можете да прочитате

Заклучно со 30 ноември годинава во државниот буџет од даноци и придонеси собрани 3,97 милијарди евра

УЈП со реакција за најавениот протест во Куманово за ретроактивно оданочување на приходи остварени во странство

Димитриеска-Кочоска: Нема да има промена на даноците, дигитализацијата е клучна за ефикасно трошење на буџетските пари