Утрински Весник
Спорт

Куп-пресметка на големите ривали: Кој ќе „преживее“, Шкупи или Шкендија?

Куп-пресметка на големите ривали: Кој ќе „преживее“, Шкупи или Шкендија?

Шкупи и Шкендија денеска на Чаир ќе имаат голем четврт-финален дуел во Купот на Македонија. Екипите со големи амбиции ќе мора да го елиминираат најголемиот ривал во битката за еден од трофеите. Натпреварот ќе се одигра од 13 часот на стадионот Чаир, а Шкупи очекува триумф со помош на фановите.

dobivaj vesti na viber

„Верувам во квалитетот на нашиот тим, играме пред нашите фанови и очекувам победа и пласман во полуфиналето на Купот. Шкендија е силен тим, но верувам дека од нашето издание зависи пласманот во следната рунда од Купот“, изјави Валид Хамиди, крилниот напаѓач на Шкупи.

Голманот на Шкендија, Костадин Захов, вели дека неговиот тим може да слави триумф на Чаир.

„Ова е големо дерби, а кај нас има огромен мотив за успех. Посакуваме победа и пласман во полуфиналето во Купот на Македонија“, истакна голманот на Шкендија.

Во Кратово, Силекс ќе го пречека најтрофејниот македонски клуб Вардар, кој меѓу овие екипи е единствениот второлигаш.

Брегалница по оставката на тренерот Илчо Ѓорѓиоски гостува кај лидерот во шампионатот, Струга Трим Лум. Тимот ќе го води неговиот досегашен асистент Лазар Илиев. Во Ѓорче Петров се среќаваат Македонија ЃП и Академија Пандев.

Во случај на нерешен резултат по регуларниот тек од натпреварите, веднаш ќе се изведуваат пенали.

Можете да прочитате

Почна судскиот процес за изнуда на пари од Погба, меѓу обвинетите и неговиот брат

Навивачите на Баерн со порака за претседателот на ПСЖ

Манчестер сити испушти 3:0 над Феенорд и ја продолжи серијата без победа на шест натпревари