Утрински Весник
Свет

Трудо: Кина игра агресивни игри со институциите во Канада

Трудо: Кина игра агресивни игри со институциите во Канада

Кина игра „агресивни игри“ со демократиите и институциите во Канада, изјави канадскиот премиер Џастин Трудо.

dobivaj vesti na viber

Изјавата на Трудо доаѓа откако канадскиот канал Глобал Њуз објави за финансирање на „тајна мрежа“ на кандидати на неодамнешните избори.

Исто така, на крајот на октомври властите во Отава најавија истрага за наводните нелегални кинески полициски канцеларии во областа Торонто, пренесува „Бета-Франс прес“.

„Преземавме значајни чекори за зајакнување на интегритетот на нашите изборни процеси и системи“, изјави Трудо за новинарите.

Тој додаде дека Канада ќе продолжи да „вложува во борбата против мешањето во изборите, против странското мешање во демократиите и институциите“.

Можете да прочитате

Врховната рада го избра Сергиј Корецки за нов премиер на Украина

Северна Кореја и Кина најавија продлабочување на соработката поради глобалните тензии

Пентагон воведува тестирање за тестостерон како дел од годишните здравствени прегледи