Утрински Весник
Спорт

Гути: Не го разбирам Бензема, не можа така да се однесува кон Реал

Гути: Не го разбирам Бензема, не можа така да се однесува кон Реал
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Поранешниот фудбалер на Реал Мадрид, Гути ја коментираше моменталната ситуација во мадридскиот клубот. Да потсетиме, Реал вчера го претрпе првиот пораз оваа сезона во Ла Лига. Актуелниот шампион загуби на 2Ваљекас“, од Рајо Ваљекано со 3:2.

dobivaj vesti na viber

За Реал не играше Карим Бензема, како и на претходните два натпревари од шпанската лига. На крајот на октомври Реал објави дека францускиот напаѓач кој се очекува да игра за Франција на Светското првенство во Катар има проблем со мускулот.

„Не го разбирам Бензема. Лео Меси игра за ПСЖ, а Роберт Левандовски за Барселона, како и многу други играчи. Мора да го прифатите ризикот од повреда пред Светското првенство, не можете да го предадете вашиот клуб“, изјави Гути за „Ел Чирингито“.

На Шпанецот не му е јасно како Реал не донесе замена за 35-годишниот Бензема.

„Сите знаевме дека тоа може да се случи. Не разбирам зошто немаат замена за него”, се чуди Гути. Бензема неодамна ја освои Златната топка, која му се доделува на најдобриот играч во светот.

Можете да прочитате

Нов трипл-дабл за Јокиќ, но пораз на неговиот тим

Јувентус по три победи во низа, се проби на третото место

Прва контрола за македонските ракометари – противник Хрватска