Утрински Весник
Свет

Јордан ќе испрати во Израел струја и за тоа ќе добие десалинизирана вода

Јордан ќе испрати во Израел струја и за тоа ќе добие десалинизирана вода

Денес, на маргините на состанокот COP27 во Египет, Израел и Јордан потпишаа меморандум за разбирање за размена на вода за електрична енергија добиена од соларни централи.

dobivaj vesti na viber

Како дел од идејата, предложена пред една година, Јордан ќе изгради 600 мегавати соларен капацитет и ќе извезува електрична енергија во Израел. За ова Израел ќе испрати 200 милиони кубни метри десалинирана вода во Јордан.

Меморандумот беше потпишан на самитот на Обединетите нации за климата во египетскиот Шарм Ел Шеик, настан организиран од Обединетите Арапски Емирати. Во 2020 година, Емиратите станаа првата земја од Заливот што ги нормализираше односите со Израел и се партнери во овој проект.

Израелското Министерство за енергетика објави дека експерти од двете земји се состанувале изминатата година за да ги координираат финансиските, логистичките и регулаторните аспекти на проектот.

„Денешното потпишување ја изразува заедничката желба на земјите да се справат со климатската криза преку прекугранична соработка“, соопшти израелското Министерство.

Можете да прочитате

Речиси 70 проценти од Американците се незадоволни од образовниот систем

Велика Британија вети дека ќе обезбеди 100 милиони фунти за зајакнување на воздушната одбрана на Украина во текот на зимата

Трамп: Цените на нафтата ќе паднат кога ќе ја добиеме војната против Иран