Утрински Весник
Економија

(Видео) Митева: Деспотовски пред да најавува инвестиции да каже зошто Македонија нема стратегија за странски директни инвестиции

(Видео) Митева: Деспотовски пред да најавува инвестиции да каже зошто Македонија нема стратегија за странски директни инвестиции

Во Македонија последниве 5 години речиси и да нема политика за нови странски инвестиции, а уште помалку за грижа на веќе постоечките инвеститори. Недостасува стратегија за привлекување на инвестиции, никој не знае дали воопшто некој работи на оваа област. Македонија со години нема креатор за политика за странски директни инвестиции. Но и покрај ваквата состојба, слушаме најава за нови концепти, нови политики и како и секогаш истите се со огромни недостатоци и нереални замисли. Но, очигледно Јован Деспотовски наместо имплементатор, се става во функција на креатор, изјави на денешната прес-конференција Марија Митева, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

dobivaj vesti na viber

Таа додаде дека согласно Законот за финансиска поддршка на инвестиции, во моментов се дава многу повеќе пари отколку претходно над 30% од вредноста на инвестицијата како CAPEX грант, плус за креирање на работни места. Остатокот до 50% се даночни ослободувања. Да потсетиме, претходно, тој процент беше не повеќе од 15% од вредноста на инвестицијата, а остатокот до 50% беа даночни ослободувања – каде практично државата немаше трошок бидејќи се откажуваше од нешто што воопшто не би го имала доколку ја немало инвестицијата. Истово ова е забележено и во извештајот на ДЗР каде исплатената кеш компонента во 2021 е скоро дупло повисока од износот во 2017-тата. Повеќето т.н. „нови инвестиции” се всушност проширување односно реинвестиции на претходните чие доаѓање беше тогаш критикувано дека е поради високи субвенции. Сега нивните, претходно планирани проширувања, се претставуваат како нови инвестиции и проекти, а се доделува и дополнителна државна помош.

ВМРО-ДПМНЕ јавно го прашува Деспотовски, која е стратегијата за привлекување на СДИ – кој точно привлекува НОВИ инвестиции, како и каде? Кои се приоритетни сектори и кој кадар има знаење и искуство во истите за да ги анализира и да ги избере таргетираните компании, а потоа да анимира извршни директори и менаџери на овие фирми? – кој, како и за колку пари ја промовира земјата како инвестициска локација? Дополнително, промоторите веќе ги нема, иако долг период зборуваат дека ќе има нов модел со помалку канцелари и вклученост на МНР.

Факт е дека во Македонија со СДСМ на власт имаме руинирани и неефикасни институции, без долгорочен план и стратегија и без конзистентна политика. Македонија од земја лидер за привлекување на странски директни инвестиции стана земја во која нема ниту план, ниту стратегија на оваа тема. Но уште поголем факт е дека покрај некадарноста, нема инвестиции затоа што со СДСМ на власт во Македонија владее криминалот и корупцијата, изјави Митева.

Можете да прочитате

Средба на гувернерот Славески со амбасадорката на Јапонија во земјава, Кавахара Сецуко

Девизните резерви на крајот на август 4,75 милијарди евра

СДСМ: Инфлација од 4,4% беснее и во август, власта не носи ниту една мерка