Утрински Весник
Свет

Кина го забрани говорот на Шарл Мишел

Кина го забрани говорот на Шарл Мишел
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Кинеските власти забранија емитување на говорот на претседателот на Советот на ЕУ, Шарл Мишел за време на церемонијата на отворање на меѓународниот саем во Шангај, јавуваат денеска белгиските медиуми и додаваат дека веста ја потврдил и портпаролот на Мишел, Баренд Лајц.

dobivaj vesti na viber

Мишел сними видео порака што треба да се емитува заедно со пораки од други светски лидери на отворањето на Кинеската меѓународна увозна изложба во петокот.

Во видео пораката, Мишел ја критикува „нелегалната војна“ што Русија ја води во Украина и апелира до Кина да изврши поголем притисок врз Русија и да побара од неа да ја прекине војната.

„Кина треба да игра улога, користејќи го своето влијание, да ја запре бруталната војна на Русија. Можете да помогнете да се стави крај на оваа ситуација“, вели Мишел во пораката, а пренесува Танјуг.

Кинеските власти решија да не го емитуваат овој говор, сметајќи дека е премногу критичен.

„Претседателот Мишел е поканет да се обрати на оваа церемонија“, потврди Леитес за Ројтерс.

„Како што побараа кинеските власти, ние навистина испративме однапред снимена порака, која на крајот не беше емитувана. Разговаравме за тоа преку нормални дипломатски канали“, рече Лејтес.

Кинеските министерства за надворешни работи и трговија, организаторите на саемот и градската управа на Шангај не можеа да бидат контактирани за коментар, јавуваат белгиските медиуми.

Можете да прочитате

Кремљ: Путин му кажа на Трамп дека го менува ставот по украинскиот напад врз резиденцијата

Најмалку тројца загинати во јужна Шпанија

Путин тврди дека руските сили напредуваат по целата фронтова линија во Украина