Утрински Весник
Спорт
300x250 opst2

Македонските ракометарки ќе ја предизвикаат Холандија

Македонските ракометарки ќе ја предизвикаат Холандија
300x250 opst2

Женската ракометна репрезентација на Македонија, вечерва (18 часот) го игра вториот натпревар на Европското првенство. Почетниот пораз од Франција (14:24) не ги демотивира избраничките на селекторот Љубомир Савевски, кои ќе се обидат да им се спротивстават на Холанѓанките.

dobivaj vesti na viber

Тие во првото коло тесно ја добија  Романија со 29:28, па триумф денеска и дефинитивно ќе ги одведе во втората фаза. Важат за фаворитки во дуелот со Македонија, но изненадувања секогаш се можни, особено ако селекцијата на Љубомир Савевски повторно одигра квалитетно во одбраната.

И покрај убедливиот пораз од Франција, која е еден од фаворитите за медал, сепак, Македонија дозволи само 24 гола, што секако е позитивен сигнал во пресрет на преостанатите два натпревара на ЕП – против Холандија вечерва и против Романија.

На ланскиот мундијал Холанѓанките завршија на деветтото место, со само една победа над европска селекција, и тоа повторно над Романија.

Можете да прочитате

Македонските одбојкари во група со Бугарија, Полска, Украина, Португалија и Израел

Дарио Ивановски е победник на Скопскиот маратон

ПМФЛ: Прв бод за Шкупи во новата сезона, нерешено и во Струмица