Утрински Весник
Свет

Подољак: Украина е подготвена за преговори, но не и со Путин

Подољак: Украина е подготвена за преговори, но не и со Путин

Советникот на украинскиот претседател, Михаило Подољак, денеска изјави дека Киев никогаш не одбил да преговара со Москва и дека е подготвен за разговори со идниот руски лидер, но не и со Владимир Путин.

dobivaj vesti na viber

Коментарите на Михаил Подољак на „Твитер“ следуваа по саботниот извештај на „Вашингтон пост“ дека администрацијата на американскиот претседател Џозеф Бајден ги охрабрува украинските лидери да сигнализираат дека се отворени за преговори со Москва, пренесува „Ројтерс“.

„Дали Путин е подготвен? Очигледно – не. Затоа ние сме конструктивни во нашата процена: ќе разговараме со следниот руски лидер“, посочи Подољак.

Можете да прочитате

Застрашувачки бројки за вистинските загуби во војната меѓу Русија и Украина

СпејсХ го одложи пробниот лет на Старшип поради технички проблеми

Во Еквадор запленет експлозивен материјал наменет за терористички акти во Колумбија