Утрински Весник
Свет
300x250 opst2

Ал Гор: Најбогатите сакаат само да ги земат резервите на гас

Ал Гор: Најбогатите сакаат само да ги земат резервите на гас
Img 7972

Глобалните лидери имаат проблем со кредибилитетот кога се во прашање климатските промени, изјави денеска поранешниот американски потпретседател Ал Гор во обраќањето пред присутните на Самитот за климатски промени COP27 во Египет.

dobivaj vesti na viber

Гор ги критикуваше најбогатите земји дека само се обидуваат да добијат пристап до ресурсите на гас во Африка.

„ Сите имаме проблем со кредибилитетот. Работиме и почнуваме да работиме, но не правиме доволно. Мора да ја видиме таканаречената брканица за гориво, онака како што навистина изгледа. Брзање преку мост, кој не води никаде и ги остава земјите соочени со климатскиот хаос, а милијарди остануваат во изгубени средства, особено во Африка“ – нагласи Гор.

Според него, ерата на колонијализмот на фосилни горива треба да се остави зад себе.

Повеќе од сто светски лидери пристигнаа во египетското одморалиште Шарм ел Шеик на самитот за климатските промени или COP27.

Научниците истакнуваат дека климатските промени се најголемиот предизвик со кој се соочува Земјата, но аналитичарите не очекуваат големи резултати од самитот кој започна денеска и ќе трае до 18 ноември.

Можете да прочитате

Еден загинат девет повредени во руски напад врз Запорожје

Бабиш прогласи победа на неговото движење АНО на изборите во Чешка, премиерот Фиала му честиташе

Трамп предупреди дека нема да толерира одложување на одговорот на Хамас