Косовскиот премиер Албин Курти од Призрен изјави дека обидите на Србија да ја дестабилизира ситуацијата на Косово нема да успеат.
„Знам дека таков обид ќе биде неуспешен, нашата земја е силна затоа што е демократска, што е во договор со САД, НАТО и ЕУ“ – рече тој.
Според него, ситуацијата на северот може да биде поврзана со француско-германскиот предлог, пренесува Н1.
„Можно е тие да не сакаат конструктивно да се вклучат во дијалог и сега го избрале овој втор пат, но верувам дека тие што ги слушаат, нелегалните структури, многу се разликуваат од граѓаните на нашата земја кои се од српска националност“ – рече Курти.
Косовскиот премиер соопшти дека полицијата досега издала 843 опомени за ознаки на регистарски таблички, но нема инциденти или поплаки.
Во врска со ситуацијата на северот од земјата, Курти рече дека е во контакт со КФОР.