Утрински Весник
Свет

Лапид: Мнозинството Израелци сакаат јудаизам кој не обединува, а не јудаизам кој е политичка алатка

Лапид: Мнозинството Израелци сакаат јудаизам кој не обединува, а не јудаизам кој е политичка алатка

Израелскиот премиер во заминување Јаир Лапид денеска повика на национално единство и предупреди на длабоки поделби во земјата по парламентарните избори на кои неодамна беше поразен од поранешниот премиер Бенјамин Нетанјаху со поддршка на крајнодесничарската ултранационалистичка партија.

dobivaj vesti na viber

На церемонијата одржана во спомен на израелскиот премиер Јицак Рабин, кој беше убиен пред 27 години, Лапид рече дека Израел е на пресвртница кога станува збор за политичка поларизација и омраза.

– Мораме да одлучиме сега, во овој момент, каде оди земјата – рече Лапид.

Тој рече дека апсолутното мнозинство граѓани не сака да дозволи омразата да владее со нивните животи и да веруваат во владеење на правото, демократски вредности и меѓусебно почитување.

– Апсолутно мнозинство Израелци сакаат јудаизам кој не обединува, а не јудаизам кој е политичка алатка и секако не јудаизам кој поддржува насилство – рече Лапид.

Американската агенција АП оценува дека Лапид се чини дека алудира на религиозниот ционизам, екстремистичка партија чии лидери постојано давале антиарапски и анти-ЛГБТК коментари, и која се очекува да игра клучна улога во владата на Нетанјаху како трета по големина партија во до парламентот.

– Не постои „ние и тие“, само „ние“, истакна Лапид.

Можете да прочитате

Троjцата Американци ослободени во размената на затвореници со Кина се вратија дома 

Грузиската полиција со водени топови против демонстрантите кои протестираат против владината одлука да го одложи барањето за пристапување во ЕУ

11 кинески и руски воени авиони влегоа во зоната за воздушна одбрана на Јужна Кореја