Утрински Весник
Свет

Киев подготвува целосна евакуација доколку целосно остане без струја

Киев подготвува целосна евакуација доколку целосно остане без струја

„Њујорк тајмс“ пишува дека Киев подготвува целосна евакуација доколку целосно остане без струја.

dobivaj vesti na viber

Тоа е град со три милиони жители, а според медиумот веќе има цел план за оваа неверојатна опција. Околу 40 отсто од енергетската инфраструктура веќе е оштетена или уништена во руските бомбардирања.

„Доколку Русија продолжи со овие напади, јасно ни е дека тие би можеле целосно да останат без струја“, изјави Роман Ткачук, владин претставник од Киев.

На властите во градот им било кажано дека ќе имаат предупредување од околу 12 часа однапред дека системот е на работ на неуспех. Во тој случај, како што вели Ткачук, луѓето ќе бидат информирани да си заминат.

Но, засега, вели тој, ситуацијата е таква што се уште може да се управува. Сепак, евентуалното целосно затемнување, се разбира, би донело многу други проблеми. Значи во тој случај нема да има вода или бројни други работи кои зависат од струја, пренесува медиумот.

Можете да прочитате

Русија го подготвува ракетниот систем „Сармат“ за оперативна готовност

На Германија годишно и се потребни 288.000 странски работници

Долниот дом на Парламентот во Австралија го усвои предлог-законот за забрана за користење на социјалните мрежи за деца под 16 години