Утрински Весник
Свет

Во Шпанија запленети 32 тони марихуана во вредност од најмалку 64 милиони евра

Во Шпанија запленети 32 тони марихуана во вредност од најмалку 64 милиони евра
Dik 300x250 mk

Шпанската полиција соопшти дека запленила рекордни 32 тони марихуана во вредност од најмалку 64 милиони евра.

dobivaj vesti na viber

Тоа е, како што соопшти полицијата, најголемата заплена на марихуана досега, не само во Шпанија, туку и во светот.

Полицијата соопшти дека треба да се одгледуваат околу 1,1 милион растенија за таа количина марихуана, објави Ројтерс.

Полицијата изврши серија рации на насади и фабрики за марихуана низ Шпанија, во операција наречена „Градини“.

Во таа акција минатиот месец беа уапсени 20 лица, а запленетата марихуана била наменета за продажба во Шпанија, Швајцарија, Холандија, Германија и Белгија, соопшти полицијата.

Можете да прочитате

Австралија ќе им обезбеди на жителите три часа бесплатна сончева енергија дневно

Украина ќе произведува оружје во Берлин и во Копенхаген

Италија го повика рускиот амбасадор поради изјавите на Захарова за кулата во Рим