Утрински Весник
Свет

Маск отпушти илјадници вработени на „Твитер“

Маск откри уште една промена која планира да ја воведе на Твитер
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Илон Маск почна да дели масовни откази во Твитер со испраќање мејлови до вработените.

dobivaj vesti na viber

„Во обид да поставиме здрав пат за Твитер, во петок ќе поминеме низ тешкиот процес на намалување на нашата глобална работна сила“, се вели во е-поштата во која Ројтерс имал увид.

Во мејлот до вработените, Твитер соопштува дека неговите канцеларии ќе бидат привремено затворени и сите пристапи ќе бидат суспендирани за да се обезбеди сигурност на секој вработен, како и системот на Твитер и корисничките податоци.

Во пораката се наведува дека денеска им е последен работен ден во компанијата, но оти ќе останат вработени и ќе добијат надомест до 2 февруари 2023 година. До тој ден ќе бидат под отказен рок и со суспендиран пристап до сите системи на Твитер. Иако од нив не се очекува да работат во овој период, тие мора да ги почитуваат сите правила на компанијата.

Поранешните вработени ќе добијат детали за понудата за отпремнина во рок од една недела, се вели во мејлот и се додава дека секој вработен ќе добие порака дали е отпуштен или останува да работи.

Многу поранешни вработени напишаа на Твитер дека добиле отказ. Многумина најавија и тужби.

Можете да прочитате

Во Русија разбиена мрежа на печатници кои фалсификувале пасоши и други документи

Јапонија планира рекорден буџет за одбрана во услови на големи тензии со Кина

Папа Лав Четиринаесетти: Доста беше војна во Украина, сега Москва и Киев нека разговараат