Утрински Весник
Спорт

Бруклин го суспендира Кајри Ирвинг

Бруклин го суспендира Кајри Ирвинг

Челниците на Бруклин Нетс решија да го суспендираат својот играч Кајри Ирвинг на минимум пет натпревари. Суспензијата уследи по реакциите на јавноста поради одобрувањето на Ирвинг на антиеврејските пораки на социјалните мрежи. Тој објави линк до филм кој пропагира теории на заговор за Евреите, а ги поддржа и изјавите на главниот теоретичар на заговор, Американецот Алекс Џонс.

dobivaj vesti na viber

„Во последните неколку дена се обидовме да му помогнеме на Ирвинг да разбере колку се опасни и штетни неговите зборови и постапки. Сметавме дека образовниот пат е правилен и дека напредувавме во заедничката работа против омразата и нетрпеливоста. Сега сме убедени дека е спротивното, за време на прес-конференцијата Кајри одби недвосмислено да ги отфрли антисемитските верувања, како и да прифати дека во спорниот филм има материјал на омраза. Не беше првпат да има можност, но не успеа да ја објасни“, се вели во соопштението на клубот.

Можете да прочитате

Тежок инцидент во РК Загреб, Кос го нокаутирал соиграчот Мандиќ

ФИФА го избира најдобриот: Родри, Вини или можеби Меси?

Омерагиќ официјално кандидат за претседател на ФФМ