Утрински Весник
Свет

Бајден: Иран наскоро ќе биде слободен

Бајден: Иран наскоро ќе биде слободен
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Американскиот претседател Џо Бајден им порача на приврзаниците на предизборниот митинг да не се грижат бидејќи САД ќе го „ослободат Иран“, откако публиката побара од него да се осврне на актуелните протести што се проширија низ целата земја по смртта на Махса Амини.

dobivaj vesti na viber

– Не грижете се, ќе го ослободиме Иран – рече Бајден во четвртокот во Калифорнија, за време на предизборната средба на демократите за претстојните среднорочни избори во САД на 8 ноември.

Тој додаде: – Наскоро ќе бидат ослободени.

Бајден зборуваше додека неговите поддржувачи во толпата држат мобилни телефони на кои со големи букви беше испишана пораката „Слободен Иран“.

Администрацијата на Бајден се соочува со зголемени критики од иранско-американски активисти кои ја повикуваат Белата куќа да се откаже од напорите за обновување на иранскиот нуклеарен договор поради протестите во оваа земја кои властите насилно ги задушуваат, оценува американската агенција.

Протестите во Иран започнаа во септември, по смртта во притвор на 22-годишната Махса Амини, откако беше уапсена од иранската полиција за морал, поради наводно несоодветно носење хиџаб, односно не покривање на главата на пропишан начин.

Американската администрација минатиот месец објави санкции против иранските официјални лица поради нивниот брутален однос кон демонстрантите, а исто така неодамна воведе нови санкции кон Техеран за снабдување со беспилотни летала и техничка помош за Русија во нејзината војна против Украина,пренесе Блиц.рс.

Можете да прочитате

Кирибати прва ја дочека 2026 година

САД ангажираат 400 адвокати за проверка на пет милиони страници од досиејата на Епстин

Иран со остра порака до САД и Израел по заканите на Трамп