Утрински Весник
Свет

Зеленски: Нема да учествувам на самитот на Г20 доколку Путин учествува

Зеленски: Нема да учествувам на самитот на Г20 доколку Путин учествува

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави дека нема да учествува на претстојниот самит на Г-20 во Индонезија доколку присуствува рускиот претседател Владимир Путин.

dobivaj vesti na viber

Зеленски им изјави на новинарите во Киев по разговорите со грчкиот претседател дека индонезискиот претседател Џоко Видодо го поканил да учествува на самитот на 15-16 ноември, објави „Ројтерс“.

„Мојот личен став и ставот на Украина е дека ако учествува претседателот на Руската Федерација, тогаш Украина нема да учествува. Ќе видиме како ќе биде“, рече Зеленски.

Можете да прочитате

Ова е осомничениот кој облечен како полицаец пукаше во политичарите во Америка

Убиена поранешна претседателка на Претставничкиот дом на Минесота

Нов телефонски разговор Путин-Трамп – 24info.mk