Утрински Весник
Спорт

Де Лаурентис ја одреди цената за Кварацкелија – Сити, Ливерпул и Челси го следат Грузиецот

Де Лаурентис ја одреди цената за Кварацкелија – Сити, Ливерпул и Челси го следат Грузиецот

Грузиецот Квича Кварацкелија блеска од почетокот на сезоната во тимот на Наполи. Крилниот напаѓач одлично се вклопи во системот на Лучано Спалети, создаде одлично партнерство во нападот со Виктор Осимен, а Наполи го држи лидерското место во Серија А. Во исто време Наполитанците лесно обезбедија пласман во осмина-финалето во Лигата на шампионите.

dobivaj vesti na viber

Кварацкелија го обележа есенскиот дел од сезоната, на 12 натпревари во Серија А веќе постигна шест гола, двапати беше стрелец и во Лигата на шампионите.

Грузиецот за сума од 10.000.000 евра во летниот преоден рок пристигна во Наполи од Динамо Батуми. Неколку месеци подоцна тој вреди 10 пати повеќе.

Газдата на Наполи, Аурелио де Лаурентис, нема ништо против да го продаде во јануарскиот преоден рок, но само под услов доколку некој од заинтересираните клубови исплати 100.000.000 евра.

Медиумите пишуваат дека во средата на „Енфилд“, кога Наполи му гостуваше на Ливерпул, скаути на Манчестер сити и Челси го следеле Кварацкелија. Покрај овие два клуба, интерес за Грзиецот покажува и Ливерпул.

Можете да прочитате

Џорлев освои злато на Светското карате првество за кадети, јуниори во Полска

Тебас: Не знам колку пати досега Реал побарал моја оставка

Познати двојките за осминафиналето во фудбалскиот Куп на Македонија