Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

ВМРО-ДПМНЕ: Ќе се извини ли МВР за јавниот линч врз младиот човек што го прогласи за бомбаш

ВМРО-ДПМНЕ: Ќе се извини ли МВР за јавниот линч врз младиот човек што го прогласи за бомбаш
Img 7972

Ќе се извинат ли МВР и Спасовски што направија јавен линч врз млад човек чиј идентитет го објавија и го прогласија за бомбаш, прашува опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

dobivaj vesti na viber

„Ќе поднесе ли оставка Спасовски што направи жигосување на млад живот? Ќе поднесе ли некој воопшто одговорност што МВР е толку неспособно. па не може да открие кој во континуитет праќа лажни дојави за бомби?“, велат од партијата.

Претходно вчера, полицијата приведе 23-годишно момче поради поврзаност со дојавите за бомбите во училиштата во Скопје. По десет часа распит, тој беше ослободен.

Приведениот е член и активист на платформата „Конзерватива.мк“, која синоќа на „Фејсбук“ објави дека тој не е поврзан со дојавите за бомби во училиштата.

„Неспособноста на МВР и властите резултира со приведување невини лица! Одговорно тврдиме и демантираме дека нашиот член Никола нема никаква поврзаност со овие настани“, објави „Конзерватива.мк“.

Вчера, лажни дојави за бомби имаше во девет скопски училишта, а минатата недела три последователни дена исто така девет училишта добиваа имејлови на електронските адреси со дојави за бомби.

Можете да прочитате

Шајн: Време е за промени во Охрид, охриѓани ќе изберат нов концепт, проекти и резултати

Тасевски vs Ристески – нова криза во М-НАВ

Филипче од Охрид: Да кренеме глас и да се бориме против самоволието на ДПМНЕ